|
6АФ.1.0 Студентите пишуваат вербални изрази и искази како алгебарски искази и равенки, ги пресметуваат алгебарските изрази, решаваат едноставни линеарни равенки и графички ги претставуваат и интерпретираат нивните резултати:
6АФ.1.1 Пишување и решавање на линеарни равенки од прв степен, со една променлива. 6АФ.1.2 Пишување и пресметување на алгебарски изрази за дадена ситуација, користејќи до три променливи.
6АФ.1.3 Применување на алгебарскиот редослед на операции, како и комутативниот, асоцијативниот и дистрибутивниот закон при пресметување на изразите; образложувајќи го секој чекор во процесот.
6АФ.1.4 Решавање на проблемите применувајќи правилен редослед на операциите, рачно или користејќи научен дигитрон.
6АФ.2.0 Студентите анализираат и применуваат табели, графици и правила за да ги решат проблемите што содржат мерки и пропрции:
6АФ.2.1 Претворање на една мерна единица во друга (пр. од десиметри во километри, од сантиметри во инчи и т.н.).
6АФ.2.2 Објаснување дека мерка е единична мерна единица на една големина врз единична мерна единица на друга големина.
6АФ.2.3 Решавање на проблеми со мерки, средна брзина, растојание и време.
6АФ.3.0 Студентите ги проучуваат геометриските законитости и ги претставуваат алгебарски:
6АФ.3.1 Користење на променливи во изразите за да се претстават геометриските големини (пр. P = 2a + 2b, A = ah/2, C =pd се формулите за обем на правоаголник, површина на триаголник и обем на круг).
6АФ.3.2 Изразување во симболична форма едноставни зависности кои произлегуваат од геометријата.
|