Веројатност и статистика 2

ОДДЕЛЕНИЕ 12 / Висока математика 

Оваа дисциплина е техничко и продлабочено проширувВС. на веројатност и статистика.

2ВС.1.0 Студентите решаваат проблеми од веројатност со конечен простор користејќи правилата за собирање, множење и комплементирање за распределбите на веројатностите и ги разбираат поедноставувањата што произлегуваат кај независните настани.

2ВС.2.0 Студентите ја знаат дефиницијата за условна веројатност и ја користат при наоѓање на веројатностите кај конечен простор на елементарни настани.

2ВС.3.0 Студентите демонстрираат разбирање на поимот за дискретна случајна променлива преку користење на овој поим за наоѓање на веројатностите на исходите, како на пример веројатноста за појавување на 5, или помалку пати, „писмо“ на горната страна на една монета во 14 последователни фрлања.

2ВС.4.0 Студентите го разбираат поимот за непрекината случајна променлива и можат да ја интерпретираат веројатноста на исходите како плоштина на област под графикот на функцијата со која е даден густината на распределба на случајната променлива.

2ВС.5.0 Студентите ја знаат дефиницијата на средна вредност на дискретна случајна променлива и можат да ја определат средната вредност за дадена дискретна случајна променлива.

2ВС.6.0 Студентите ја знаат дефиницијата за дисперзија на дискретна случајна променлива и можат да ја определат дисперзијата за дадена дискретна случајна променлива.

2ВС.7.0 Студентите демонстрираат разбирање на стандардните дистрибуции (нормална, биномна и експоненцијална) и можат да ги користат истите за пресметување на веројатностите на настаните кои имаат некоја од oвие дистрибуции.

2ВС.8.0 Студентите ја определуваат средната вредност и стандардната девијација за нормално распределена случајна променлива.

2ВС.9.0 Студентите ја знаат централната гранична теорема и можат да ја користат за проблеми од веројатност кај конечни простори од елементарни настани каде веројатностите се распределени според биномиот закон.

2ВС.10.0 Студентите ја знаат дефиницијата на средна вредност , медијана и мода на дистрибуција на податоци и можат да ги пресметаат истите во дадени ситуации.

2ВС.11.0 Студентите ги пресметуваат дисперзијата и стандардната девијација за распределба на податоци.

2ВС.12.0 Студентите ја наоѓаат кривата на распределба на податоците со помош на методот на најмали квадрати.

2ВС13.0 Студентите знаат што значи коефициент на корелација на две променливи и се запознати со својставата на овој коефициент.

2ВС14.0 Студентите ги организираат и опишуваат распределбите на податоците користејќи неколку различни методи, вклучувајќи табели на фреквенција, хистограми, стандардни графици на криви, графикони со хоризонтални ленти, стебло-лист дијаграм, раштркани графикони и правоаголник-линински графикон.

2ВС.15.0 Студентите се запознати со поимот за статистика на распределба на вредности, дистрибуција при анкетирање на статистиката и променливоста на статистиката.

2ВС.16.0 Студентите ги знаат основните факти што се однесуваат на врската меѓу средната вредност и стандардната девијација на распределбата на примерокот и средната вредност и стандардната девијација на распределбата на целата популација.

2ВС.17.0 Студентите ги определуваат интервалите на доверба за едноставни случајни примероци од податоци со нормална распределба и ја определуваат големината на примерокот за однапред поставената граница на грешка.

2ВС.18.0 Студентите ја определуваат P - вредноста за статистика на едноставен случаен примерок кај нормална распределба.

2ВС.19.0 Студентите се запознати со хи-квадтратната дистрибуција и хи-квадрат тестот и ја разбираат нивната употреба.

Содржина  | Индекс