|
Разбирањето на симболите и пресметките со симболи се од особено значење во алгебрата. При изучувањето на алгебрата, студентите стекнуваат разбирање за симболите во математиката и науката. Како додаток, алгебарските вештини и концепти се разбиени и се применуваат при решавање на различни проблеми.
1АЛГ.1.0 Студентите ги распознаваат и ги применуваат аритметичките особини на подмножествата на целите, рационалните, ирационалните и реалните броеви, вклучувајќи ги и особини за затвореност на четирите основни аритметички операции кои се применуваат (на пр. ако а и b се цели броеви, а+b, a-b, ab се цели броеви, но a/b не мора да е цел број така да множеството на цели броеви е затворено при собирање, вадење и множење, но не при делење.)
1АЛГ.2.0 Студентите ги разбиаат и користат операции како што се спротивност, реципрочност, коренување и степенување со рационален експонент. Студентите ги разбираат и ги користат правилата на експоненти. 1АЛГ.3.0 Студентите решаваат равeнки и неравенки со апсолутнa вредност. 1АЛГ.4.0 Студентите ги упростуваат изразите пред решавање на линеарните равенки и неравенки со една променлива како што се 3(2х-5)+4(х-2)=12. 1АЛГ.5.0 Студентите решаваат повеќечекорни проблеми, со текстуални проблеми, линеарни равенки и линеарни неравенки со една променлива и даваат објаснение за секој чекор. 1АЛГ.6.0 Студентите графички прикажуваат линеарна равенка, ги пресметуваат пресеците со х- и со у-оската (на пр. графичко преставување на 2х+6у=4). Тие исто така се способни да ја скицираат областа дефинирана со линеарна неравенка (на пр. тие ја скицираат областа дефинирана со 2х+6у<4). 1АЛГ.7.0 Студентите проверуваат дали дадена точка лежи на дадена права (на пр. дали точката (2,3) лежи на правата х+2у=9?). Студентите се способни да ја изведат равенката на права користејќи ја наклон-пресек формулата: у-у1=(у2-у1)/(х2-х1).(х-х1). 1АЛГ.8.0 Студентите ги разбираат концептите на паралелните линии и нормалните линии и како овие наклони (градиенти) се поврзани. Студентите се способни да ја определат равенката на права која е нормална на дадена права и која минува низ дадена точка. 1АЛГ.9.0 Студентите алгебарски решваат систем од две линеарни равенки со две променливи и се способни да го прикажат одговорот графички. Студентите се способни и да решат систем од две линеарни неравенки со две променливи и да ги скицираат решенијата. 1АЛГ.10.0 Студентите собираат одземаат, множат и делат мономи и полиноми. Студентите решаваат повеќечекорни текстуални проблеми со примена на овие техники. 1АЛГ.11.0 Студентите ги применуваат основните техники на разложување на полиноми од втор и трет степен. Овие техники вклучуваат наоѓање н заеднички фактор за сите степени во полиномот, препознавајќи ги формулите за разликата на два квадрати (х2-у2) и за (х+у)2 и (х-у)2. 1АЛГ.12.0 Студентите ги упростуваат дропките со полиноми со разложување на броителот и именителот и со нивно одземање од пониските степени. 1АЛГ.13.0 Студентите собираат, одземаат, множат и делат рационални изрази и функции до најпрост израз. Студентите решаваат задачи кои бараат и длабоко размислување и сложени пресметки користејќи ги овие техники. 1АЛГ.14.0 Студентите решаваат квдратни равенки со разложување или дополнување на триномот до полн квадрат. 1АЛГ.15.0 Студентите применуваат алгебарски техники за да решат проблеми со брзинa, проблем за работна како и проблеми со проценти и мешавини. 1АЛГ.16.0 Студентите ги разбираат концептите на зависност и функција, одредувајќи дали дадена зависност дефинира функција и даваат значајна информација за дадени зависности и функции. 1АЛГ.17.0 Студентите го одредуваат дијапазонот на независнопроменливата (областа на дефинираност на функцијата) и дијапзонот на зависнопроменливата (сликата на функцијата) дефинирани со фрафик, множество на подредени парови или симболичка дефиниција на функција и правилно ги објаснуваат нивните заклучоци. 1АЛГ.18.0 Студентите одредуваат дали зависноста дефинирана со график, множество на подредени парови или симболички израз е функција и правилно ги објаснуваат нивните заклучоци. 1АЛГ.19.0 Студентите ја знаат квадратната форумла и доказот за неа преку техниката за дополнување на триномот до полн квадрат. 1АЛГ.20.0 Студентите ја користат квадратната формула да ги најдат корените на полином од втор степен и да решат квадратните равенки. 1АЛГ.21.0 Студентите графички ги претставуваат квадратните функции и знаат дека нивните корени се пресеците со х-оската. 1АЛГ.22.0 Студентите ја користат квадратната формула и/или технички за разложување за да одредат дали графикот на дадена квадратна функција ќе има точно еден, два различни или ниту еден пресек со х-оската. 1АЛГ.23.0 Студентите применуваат квадратни равенки за проблеми од физиката, како што е движењето на предмети по дејство на гравитационата сила.
1АЛГ.24.0 Студентите ги користат и знаат едноставните аспекти на логичките докази.
1АЛГ.25.0 Студентите ги применуваат особините на бројните системи за да ја оправдаат точноста на резултаите, да го оправдаат секој чекор од постапката и да го докажат точноста или грешноста на некој изказ.
|