|
Оваа тема ја надополнува и проширува содржината на концептите на алгебра I и геометрија. Студентите кои ја имаат совладано алгебра II ќе стекнат искуство со алгебарски решенија на проблемите во различни области, вклучувајќи решение на системи на квадратни равенки, логаритамски и експоненцијални функции, теореми за биноми и системот на комплексни броеви. 2АЛГ.1.0 Студентите решаваат равенки и неравенки со апсолутна вредност. 2АЛГ.2.0 Студентите решаваат системи на линеарни равенки (со две или три променливи) со одземање, графички, или со матрици. 2АЛГ.3.0 Студентите се вешти во операции со полиноми, со долго делење. 2АЛГ.4.0 Студентите разложуваат полиноми прикажувајќи разлика на квадрати, нормални квадратни триноми и сума и разлика на два кубови. 2АЛГ.5.0 Студентите покажуваат знаење како реалните и комплексните броеви се поврзани аритметички и графички. Особено, тие можат да ги прикажат комплексните броеви како точки во рамнина. 2АЛГ.6.0 Студентите собираат, одземаат, множат и делат комплексни броеви. 2АЛГ.7.0 Студентите собираат, одземаат, множат, деалт, редуцираат и пресметуваат рационални изрази вклучувајќи ги и оние со негативен експонент во именителот. 2АЛГ.8.0 Студентите решаваат и графички претставуваат квадратни равенки со разложување, комплетирање на квадрат, или применување на квадратна формула. Студентите ги применуваат овие техники при решавање на текстуални проблеми.Тие исто така решаваат квадратни равенки во системот на комплексни броеви. 2АЛГ.9.0 Студентите го прикажуваат и објаснуваат ефектот на менување на коефициентот на графикот на квадратните функции; односно студентите можат да одредат како графикот на парабола се менува со менувањето на а, b и c во равенката y=a(x-b)2+c. 2АЛГ.10.0 Студентите цртаат квадратни функции и одредуваат максимум, минимум и нули на фунцијата.
2АЛГ.11.0. Студентите докажуваат едноставни закони за алгоритми.
2АЛГ.12.0 Студентите ги знаат законите на дробните експоненти, ги разбираат експоненцијалните функции и ги применуваат овие функции во проблеми со експоненцијално зголемување и намалување. 2АЛГ.13.0 Студентите применуваат дефиниција за логаритми за преминување помеѓу логаритми со било која основа. 2АЛГ.14.0 Студентите ги разбираат и применуваат особините на логаритмите за да ги поедностават логаритамските нумерички изрази и да ги одредат нивните апроксимативни вредности. 2АЛГ.15.0 Студентите одредуваат дали одредени алгебарски пресметки со рационални изрази, дробни изрази, или логаритамски или експоненцијални функции се само понекогаш точни, секогаш точни или никогаш не се точни. 2АЛГ.16.0 Студентите покажуваат и објаснуваат како геометријата на графикот на конусен приказ (пр. асимптоти, фокуси, ексцентричност) зависат од коефициентите на квадратната равенка со кои е претставена. 2АЛГ.17.0 Доколку квадратната равенка е дадена во облик ax2+by2+cx+dy+e=0, студентите можат да го применат методот за комплетирање на квадратот, да ја претстават равенката во стандарден облик, за да можат да препознаат дали графикот на равенката е круг, елипса, парабола или хипербола. Тогаш студентите можат да го нацртаат графикот на равенката. 2АЛГ.18.0 Студентите применуваат основни принципи на пресметување за да пресметаат комбинации и пермутации. 2АЛГ.19.0 Студентите применуваат комбинации и пермутации за да пресмететуваат веројатност. 2АЛГ.20.0 Студентите ја знаат биномната теорема и истата ја користат за проширување на биномните изрази кои се степенувани на целобројни позитивни експоненти. 2АЛГ.21.0 Студентите применуваат метод на математичка индукција за да докажат обопштени тврдења со позитивни цели броеви. 2АЛГ.22.0 Студентите наоѓаат општ член и суми на аритметички серии и истото тоа за конечни и бесконечни геометриски серии. 2АЛГ.23.0 Студентите изведуваат формули за собирање на аритметичките серии и истото тоа за конечни и бесконечни геометриски серии. 2АЛГ.24.0 Студентите решаваат проблеми со функционални концепти, како составување, дефинирање на инверзна функција и изведување на аритметички операции со функции. 2АЛГ.25.0 Студентите ги применуваат особините од бројните системи за да ги оправдаат чекорите на комбинирање и поедноставување на функциите. |