|
Оваа дисциплина комбинира повеќе техники од тригонометријата, геометријата и алгебрата што се потребни за подготовка на студентите за изучување на диференцијалното и интегралното сметање, и го зацврстува нивното поимно сваќање на проблемите и математичкото размислување при нивното решавање. Следните стандарди имаат функционална улога кон овие цели. Најзначајниот нов поим е оној за лимеси. Математичката анализа најчесто се комбинира со курс по тригонометрија, или можеби линеарна алгебра, со што се формира едногодишен припремен курс по диференцијалнo и интегрално сметање. МА.1.0 Студентите се запознати, и можат да ги применуваат, поларните координати и векторите во рамнина. Специјално, тие можат да преминуваат од поларни во правоаголни координати, и обратно, и можат графички да ги интерпретираат поларните координати и векторите. МА.2.0 Студентите се запознати со аритметиката на комплексните броеви. Тие можат да го користат тригонометрискиот облик на комплексните броеви и разбираат дека функциите од комплексна променлива можат да се разгледуваат како функции од две реални променливи. Тие го знаат доказот на DeMoivre -овата теорема. МА.3.0 Студентите можат да докажат разлучни формули со помош на принципот на математичка индукција. МА.4.0 Студентите ја знаат формулацијата на, и можат да ја применат, основната теорема на алгебрата.
МА.5.0 Студентите се запознати со конусните пресеци, и аналитички и геометриски:
МА.6.0 Студентите ги наоѓаат корените и половите на на рационалните функции и можат да ги нацртаат нивните графици и лоцираат нивните асимптоти.
|