ОДДЕЛЕНИЕ 1,2
|
1МР.1.0 Студентите спроведуваат дискусија за поставување на проблемот:
1МР.1.1 Определуваат пристап, материјали и стратегии што треба да се искористат.
1МР.1.2 Употребуваат средства, како што се manipulatives или скици, за да го моделираат проблемот.
1МР.2.0 Студентите ги решаваат проблемите и го образложуваат своето размислување:
1МР.2.1 Го објаснуваат своето размислување и ја образложуваат избраната постапка.
1МР.2.2 Прават точни пресметување и ја проверуваат валидноста на добиените резултати во однос на контекстот на задачата.
1МР.3.0 Студентите ја забележуваат врката меѓу еден и друг проблем.
|
ОДДЕЛЕНИЕ 3,4,5,6,7
|
3МР.1.0 Студентите спроведуваат дискусија за пристап кон проблемите:
3МР.1.1 Ги анализираат проблемите преку препознавање на меѓусебните врски и односи, ги одвојуваат на важните од неважните податоци, ја воспоставуваат последователноста и приоритетот на податоците и ги набљудуваат шаблоните ( =patterns?).
3МР.1.2 Определуваат кога и како да го разбијат проблемот на поедноставни целини.
3МР.2.0 Студентите користат, стратегии, вештини и идеи за наоѓање на решенија:
3МР.2.1 Вршат проценка на тоа колку резултатите добиени при пресметување соодветствуваат на реалните услови.
3МР.2.2 Применуваат стратегии и резултати добиени при решавањето на поедноставните проблеми за решавање на покомлексни проблеми.
3МР.2.3 Користат различни методи, како зборови, броеви, симболи, скици, графици, табели, дијаграми и модели за да го објаснат математичкото размислување.
3МР.2.4 Го изразуваат решението јасно и логички преку користење на соодветни математички ознаки, термини и прецизен јазик, ги поткрепуваат решенијата со докази, како во вербалната така и во симболичката работа.
3МР.2.5 Ги укажуваат релативните предности на точните и приближните решенија на проблемите и даваат одговори до одреден степен на точност.
3МР.2.6 Прават точни пресметување и ја проверуваат валидноста на добиените резултати во однос на контекстот на задачата.
3МР.3.0 Студентите излегуваат од рамките на поединечните проблеми правејќи генерализација на други ситуација:
3МР.3.1 Ја проценуваат разумноста на решението во контекст на зададената ситуација.
3МР.3.2 Го забележуваат методот на изведување на решението и демонстрираат појмовно разбирање на изведувањето преку решавање на слични проблеми.
3МР.3.3 Развиваат генерализација на добиените резултати и ги применуваат истите на други ситуации.
|
Примери:
3МР.2.0 Студентите користат, стратегии, вештини и идеи за наоѓање на решенија:
3МР.2.1 Вршат проценка на тоа колку резултатите добиени при пресметување соодветствуваат на реалните услови.
Да се покаже точноста или неточноста на тврдењето на еден од учениците дека бројот 49 е поголем од 21 бидејќи бројот 9 е поголем од 1.