Веројатност и статистика 1

ОДДЕЛЕНИЕ 11-12 / Висока математика

Оваа дисциплина е вовед во изучувањето на веројатноста, интерпретацијата на податоци и решавањето на фундаменталните статистички проблеми. Владеењето со оваа академска содржина ќе им обезбеди на студентите солидна основа од областа на веројатност и вештина за процесирање на статистички информации.

1ВС.1.0 Студентите ја знаат дефиницијата на поимот независни настани и можат да ги користат правилата за збир, производ и комплемент на настани при пресметување на веројатностите на одделните настани во конечен простор на настани.

1ВС.2.0 Студентите ја знаат дефиницијата за условна веројатност и ја користат истата за пресметување на веројтностите на одделните настани во конечен простор на настани.

1ВС.3.0 Студентите демонстрираат разбирање на поимот за дискретни случајни променливи преку нивно користење за пресметување на веројатностите на исходите, како на пример веројатноста за појавување на „писмо“ во 5 од 14 фрлања на монета.

1ВС.4.0 Студентите се запознаваат со стандардните дистрибуции (нормална, биномна и експоненцијална) и можат да ги користат истите за пресметување на веројатностите на настаните кои имаат некоја од oвие дистрибуции.

1ВС.5.0 Студентите определуваат средна вредност и стандардна девијација на нормално распределени случајни променливи.

1ВС.6.0 Студентите ги знаат дефинициите за средна вредност , медијана и мода на низа од податоци и можат да ги пресметаат истите во конкретни ситуации.

1ВС.7.0 Студентите пресметуваат дисперзија и стандардно отстапување (стандардна девијација) за дадени нумерички податоци .

1ВС.8.0 Студентите ги организираат и опишуваат нумеричките податоци користејќи различни методи, вклучувајќи табели на фреквенции, хистограми, стандардни линиски и хоризонтално правоаголен дијаграм, стебло-лист дијаграм, раштркан графолпм и правоаголник-линински графикон.

Содржина  | Индекс