Забелешка: Најчесто се множат, делат или се степенуваат броеви напишани со научно означување.
Доколку морате да собирате два броеви со различна магнитуда - т.е. со различни експоненти кај 10-ката, можеби е наједноставно да се пишат броевите во стандарден облик па таму да се изврши операцијата.... Меѓутоа:
За да се собираат или вадат два броеви напишани со научно означување, најпрво треба да се конвертира едниот број така да двата броеви го имаат истиот експонент кај 10-ката.
Пример: Да се собираат броевите: 3,12 х 108 + 9,7 х 108
Решение: Двата броеви се со истата магнитуда - 108.
3,12 х 108 + 9,7 х 108 = (3,12+9,7) х 108
= (12,82) х 108
= (1,282) х 109
Пример: Да се собираат броевите: 2,378 х 104 + 9,378 х 103
Решение: Се конвертира едниот број така да двата броеви го имаат истиот експонент кај 10-ката.
или
експонентот да биде 4, односно вториот број е конвертиран...
2,378 х 104 + 9,378 х 103 = 2,378 х 104 + 0,9378 х 104
= (2,378+0,9378) х 104
= 3,3158 х 104
или
експонентот да биде 3, односно првиот број е конвертиран...
2,378 х 104 + 9,378 х 103 = 23,78 х 103 + 9,378 х 103
= (23,78+9,378) х 103
= 33,158 х 103
= 3,3158 х 104
Второто решение се смета за полесно, но бара плус еден чекор на крајот....
Пример: Колку е 2,378 х 104 - 7,8 х 102 ?
Решение: Се конвертира едниот број така да двата броеви го имаат истиот експонент кај 10-ката.
експонентот да биде 4, односно вториот број е конвертиран...
2,378 х 104 - 7,8 х 102 = 2,378 х 104 - 0,078 х 104
= (2,378-0,078) х 104
= 2,300 х 104
Пример: Колку е 5,4 х 104 - 7,8 х 100 со две значајни цифри?
Решение: Во стандарден облик имаме 5,4 х 104 - 7,8 х 100= 54.000 - 7,8 = 53992,2
Со два значајни цифри 53992,2=5,39 х 104 = 5,4 х 104
Магнитудите на двата броеви се разликуваат за 4 (10000 пати) така да вториот број не беше значајен за првиот број во рамките на "две значајни цифри"...