Паралелограм - Докази
Previous Topic  Next Topic 

Формални докази за тврдења за паралелограми ...

UP



П1. Тврдење: Збирот на било кои две соседни внатрешни агли на паралелограм е 180° .

Во доказот се користи:

  (а) основната дефиниција на паралелограм и 

  (б) фактот дека соодветни агли на трансверзала се складни.


Доказ: 

Според сликата, треба да се докаже дека α+β = 180°.

1. Според дефиниција на паралелограм било кои две спротивни страни се паралелелни.
    Значи правите p и q се паралелни.

2. Низ трета страна цртаме права.
    Значи правата t е трансверзала.

3. Соодветни агли на трансверзала се складни (исти).
    Значи аглите α=α'.

4. α'+β= 180°, т.е. аглите α' и β се суплементарни.

5. Следува од 3 и 4: α+β = α'+β= 180°.

 

Се преселуваме - подобра графика и повеќе активности - кликни тука!