Пример: Брзината на звукот е 1193,4[m/s] (на 0m надморска висина и при температура 0°С).
Напиши го бројот 1193,4 со научно означување со 2 значајни цифри.
Решение: (а) Со научно означување:
.
(б) Го пишуваме овој број со "плус една" цифра oд бараните 2 значајни цифри, т.е. со 2+1=3 цифри:
.
(в) Потоа го заокружуваме овој број користејќи го правилото 'од 0 до 4 – надолу, а од 5 до 9 – нагоре': ![]()
Пример: Брзината на електромагнетна радијација во вакум е: 1.079.252.848,8 [m/s].
Напишете го бројот 1.079.252.848,8 со научно означување со 2, 3 и 4 значајни цифри.
Решение:
- Со 4 значајни цифри: Го пишуваме бројот со научно означување и 4+1=5 цифри па потоа ја заокружиме последната цифра.
.
- Со 3 значајни цифри: Го пишуваме бројот со научно означување и 3+1=4 цифри па потоа ја заокружиме последната цифра.
.
- Со 2 значајни цифри: Го пишуваме бројот со научно означување и 2+1=3 цифри па потоа ја заокружиме последната цифра.
.
Забелешка: Пазете со заокружувањето!
Пример: Напишете го бројот 104,5 со научно означување со 3 и 2 значајни цифри.
Решение:
- Со 3 значајни цифри: Го пишуваме бројот со научно означување и 3+1=4 цифри па потоа ја заокружиме последната цифра.
104,5 = 1,045 х 102= 1,05 х 102
- Со 2 значајни цифри: Го пишуваме бројот со научно означување и 2+1=3 цифри па потоа ја заокружиме последната цифра.
104,5 = 1,04 х 102= 1,0 х 102
Доколку го заокруживме претходниот број со 3 значајни цифри, ќе го добивме погрешниот одговор: 1,1 х 102.