НОВО! Проекти од студенти од ТИ - ТФБ
Супер безпари визуелен програмски јазик за деца и возрасни - сега и на Македонски!!!
Вебсајт: http://scratch.mit.edu
Преземе го Scratch 1.3, инсталирај го, кликни на командата Јазик и избери македонски. Уживај!
Како се прави програмче - Веб-видео

1. Вовед

Во 21 век Информатичката технологија го достигнува својот врв. Во нашата земја интензивно започнува употребата на Информатичката технологија во образованието, науката и културата, со забрзано опремување на институциите со компјутери и компјутерска опрема. Униврезитетите поседуваат меѓусебна инфраструктура со поврзаност на Интернет, која сепак во споредба со стандардите на Европската унија и со сличните институции во поширокото опкружување е на пониско ниво.
Програмирањето како дел од Информатичката технологија, го користатат луѓе од најразлична возраст. Секој човек кој се определил да се занимава со програмирање, интензивно учи програмски вештини, кои ги стекнува користејќи голем број на програмерски јазици, со цел да ги имплементира своите знаења во најразлични делови од општествениот живот.
Еден од најновите програмски јазици што го прави полесно креирањето на интерактивни приказни, анимации, игри, и нивно поставување на web е Scratch.
Scratch е дизајниран да им помага на луѓето да се развиваат во 21 век учејќи различни вештини. Додека креираат Scratch проекти, луѓето учат важни математички и компјутерски идеи, и истовремено се стекнуваат со големи знаења од дизајнирање.
Повеќе

 Нагоре македонски scratch скреч skrec математика програмски јазик визуелен makedonski