Нагоре
Во програмата Writer може автоматски да се пребара целиот документ за да се пронајдат појавувањата на специфициран текст ( карактери, зборови,..) и истиот да биде заменет со друг специфициран текст.
Пред:
Зборот плоштината се појавува во документот два пати.
Бараната измена:
Во дадениот документ цифрата 3 да се замени секаде со цифрата 5.
Чекор1:
Во главното мени кликнуваме врз Edit, по отварање на менито кликаме на командата Find&Replace.
Чекор2:
По отварање на дијалог прозорецот Find&Replace, во полето Search for го пишување текстот кој сакаме да биде заменет, а во полето Replace with го пишуваме новиот текстот со кој сакаме да го замениме дадениот текст, (притоа да се користи ист фонт како фонтот со кој е напишан документот). На крај за да ја потврдиме наредбата се клика врз Replace All.
Чекор3:
Добиваме информација колку пати е извршена замена на дадениот текст во документот, кликаме на ОК за да ја потврдиме извршената замена. На крај кликаме на Close за да се затвори прозорецот Find&Replace
После:
Цифрата 3 заменета е секаде со цифрата 5. Со тоа добивме две нови задачи за решавање.
Нагоре
|
