| Задача | Опис |
| Прва | Промена на стандардниот, т.е. нормалниот фонт во еден документ |
| Втора | Табели во Word (pps) |

Промена на стандардниот, т.е. нормалниот фонт во еден документ
При отворање на нов документ во апликацијата WORD се користи т.н. нормален стил (Normal Style) за пишување на текст, а при инсталација на WORD автоматски се подесува нормалниот стил да е со стандардниот фонт Times New Roman и големина 12pt.
Ова се гледа од алатната лента за уредување.
Пред: Во нормалниот стил, фонтот е Times New Roman, 12pt
Бараната измена: Да се промени стандардниот фонт и големината на нормалниот стил.
Како пример ќе покажеме како се врши промена нормалниот стил да биде со стандарден фонт Arial Black, a големината 24pt.
Промена на тековниот фонт
Промена на фонтот во документот во кој што работиме може да се изврши со избирање на нов фонт и големина од стандардната алатна лента.
Ч1: Избираме фонт Arial Black.
Ч2: Избираме големина 24pt.
Оваа измена важи само во местото на курсорот во тековниот документ.
Иста ваква промена на фонтот за документот во кој работиме може да се направи и преку менито FORMAT.
Meѓутоа, преку менито FORMAT можеме да направиме ваква промена и во нормалниот стил така што истата ќе важи и за сите нови документи.
Чекори:
1. Во главното мени кликнуваме врз менито Format, па по отворање на менито кликнуваме на командата Font.
Ќе се отвори прозорец со опциите за Font.
2. Доколку не е активен листот Font, кликни на соодветното јазиче. Потоа, под стрелката десно од името на тековниот фонт, т.е. Times New Roman, кликни и влечи го скрол копчето нагоре се додека не се гледа бараниот фонт Arial Black.
3. Кликни врз бараниот фонт Arial Black.
4. Под стрелката десно од големината (size) на тековниот фонт, т.е. 12, кликни и влечи го скрол копчето надолу се додека не се гледа бараната големина 24.
5. Кликни на 24.
Бидејќи сакаме да направиме промена на стандардниот фонт и големина треба по направениот избор на фонт и големина да ја избериме опцијата Default наместо OK.
6. Кликни на Default.
Ќе се отвори кутија за дијалог каде што прашува дали сме сигурни дека сакаме да го измениме стандардниот фонт во нормалниот стил.
7. Кликни на Yes.
На овој начин правивме промена на стандардниот фонт во документот во кој работиме како и во сите наредни нови документи
Пoсле: При отворање на секој нов документ стандардниот фонт е Arial Black со големина 24 pt, што се гледа во алатната лента за уредување.
Поврзани теми:
Контактирај ми со име и презиме и број на индекс: Проф. д-р Л. Стојановска .
Нагоре
| македонски речник математика makedonski recnik matematika |

