| Задача | Опис |
| Прва | Постојано комплетно мени |
| Втора | ОС Windows (ppt) |

Постојано комплетно мени
Менито е множество од повеќе команди што се третираат како една целина. Секое мени е со соодветно име. Овие менија, наречени главни менија содржат до 20 команди. По отворање на Word документ со активирање на едно од главните менија се појавува листата со команди од тоа мени.
Но, по типична инсталација на Word, не се појавува целата листа од менито, туку е скратено.
Пред: скратено главно мени „View“ - пример
Бараната измена: постојано комплетно мени
За секогаш при активирање на било кое мени да се појавува целата листа со подменија потребно е да се изврши следната промена.
Чекори:
1. Во главното мени кликнуваме врз менито Tools, па по отворање на менито кликнуваме на командата Customize.
2. По отворањето на подменито Customize се активира листот Options, односно се кликнува на јазичето Options.
Со активирана опција Always show full menus, при секое отворање на било кое мени од главното мени ќе се појавува листата со комплетното мени.
3. Значи, се штиклира опцијата Always show full menus, па се кликнува на копчето Close со што се затвори подменито Customize.
Пoсле: комплетно главно мени „View“
Поврзани теми:
Контактирај ми со име и презиме и број на индекс: Проф. д-р Л. Стојановска .
Нагоре
| македонски речник математика makedonski recnik matematika |

