Задача Опис
Прва Стандардно: А4 формат
Втора МS Paint (ppt)


Стандардно: А4 формат

При стандардна инсталација на Word или Writer, листот на кој пишуваме има стандарден формат „Letter“. Ние обично во секојдневното работење го користиме А4 форматот. За да добиеме стандарден формат А4 треба да ја направиме следната постапка која е опишана и графички представена во продолжение.

Пред: Стандарден формат на хартијата е „Letter“.

Бараната измена: Стандарден А4 формат

За да добиеме стандарден формат А4 треба да ја направиме следната постапка која е опишана и графички представена во продолжение.

Чекори:

1. Во главното мени кликнуваме врз менито File, па по отворање на менито кликнуваме на командата Page Setup...

2. По отворањето на подменито Page Setup се активира листот Paper, односно се кликнува на јазичето Paper.

Тоа значи дека сега можеме да правиме промени на самиот лист на кого се наоѓа работниот простор на апликацијата Word.

3. Во Paper size можеме да го менуваме форматот. Со курсорот кликнуваме на стрелката за надолу со што се отвораат опции на формати кои можеме да ги избериме. Потоа кликнуваме врз опцијата А4. Тоа значи дека сме избрале големина на лист со формат А4. Во Paper size на местото на Letter сега ќе стои А4.

4. За да биде форматот стандардно А4 треба да кликниме со покажувачот на Default.

5. По кликнувањето на Default, се појавува дијалог кутија која не прашува дали сакаме промената да ја зачуваме на секој нов документ. Кликнуваме на Yes.

6. Кликнуваме на ОК со што е завршена комплетно постапката за добивање на стандарден А4 формат.

Пoсле: Стандарден формат на хартијата е „A4“.


Поврзани теми:


Контактирај ми со име и презиме и број на индекс: Проф. д-р Л. Стојановска .


 Нагоре македонски речник математика makedonski recnik matematika