| Задача | Опис |
| Прва | Додавање копчиња во лентата со стандардни алатки |
| Втора | Основа работа во PowerPoint (ppt) |

Додавање копчиња во лентата со стандардни алатки (комплетирано од ЛФС)
Кога повеќе пати се користи истата наредба, целисходно е да се направи краток-пат за истата, односно да се постави соодветното копче на една од алатните ленти.
Пред: Нема краток-пат, односно копче за внесување на равенки (Equation Editor)во алатните ленти
Бараната измена: Копчето за внесување на математички формули да биде поставено на стандардната алатна лента.
Чекори:
1. Во главното мени кликнуваме врз менито Tools, па по отворање на менито кликнуваме на командата Customize.
2. По отворањето на подменито Customize се активира листот Commands, односно се кликнува на јазичето Commands.
Со кликнување на јазичето Commands се отвара прозорец и во нашиот пример ја бараме алатката за внесување на математички формули, т.е. Equation Editor, односно иконата со квадратен корен.
3. Тоа го правиме со кликнување најпрво на категоријата Insert.
4. Кликни и влечи го скрол копчето надолу се додека не се појави копчето за внесување на формули (Equation Editor).
5. Потоа кликнување на Equation Editor и со влечење го носиме во лентата со стандардни алатки.
6. Кога показателот од глушецот е на местото каде што го сакаме копчето го пуштиме копчето од него.
7. Се кликнува на копчето Close со што се затвори подменито Customize.
Пoсле: На стандардната лента го има копчето за внесување на формули.
Поврзани теми:
Нагоре
| македонски речник математика makedonski recnik matematika |

