| Задача | Опис |
| Прва | Оддели и ориентација на страни |
| Втора | Основна работа во Еxcel (ppt) |

Менување на ориентацијата на страните во разни оддели
Понекогаш во текот на еден документ ни требаат страни со различна ориентација. Ова се прави со вметнување на прекин на страница, но како посебен оддел. Со ова можеме да ја промениме ориентацијата на наредните страници, односно во секој оддел да се користат различни опции за форматирање на страниците.
Пред: Сите страници со една ориентација.
| или |
|
Бараната измена: Поделување на документот во оддели со страници со различна ориентација.
Да претпоставиме дека во нашиот документ имаме една страна со текст, односно вертикална ориентација (portrait), па на втората страница сакаме да внесеме широка табела – значи ни треба страница со хоризонтална ориентација (landscape).
Го куцаме текстот на првата страница.
| Во статусната лента (најдолу) имаме: |
|
Чекори:
1. Го ставаме курсорот на крајот на текстот на страницата пред новата страница со различна ориентација.
2. Во главното мени кликнуваме врз менито Insert, па по отворање на менито кликнуваме на командата Break.
Ќе се отвори следниот прозорец:
3. Се штиклира опцијата за нов оддел на наредната страна, па се кликнува на ОК
Ќе се отвори нова страница, курсорот ќе биде на горниот ред на оваа страница, а долу во статусниот ред ќе пишува:
Сега треба да се смени ориентацијата на оваа страна, односно на вториот оддел.
4. Во главното мени кликнуваме врз менито File, па по отворање на менито кликнуваме на командата Page Setup…
Ќе се отвори прозорец со опциите за Page Setup...
5. Доколку листот за маргините не е активен, кликни на соодветното јазиче, па на ориентацијата – Landscape. Потоа во одделот „Preview – Аpply to“ провери дека внесената измена важи само за тековниот оддел, односно избери „This section“. Кликни на ОК.
Така првиот лист ќе биде во вертикална ориентација, а вториот лист во хоризонтална ориентација.
Пoсле: Документ со страници со разни ориентации.
Поврзани теми:
Контактирај ми со име и презиме и број на индекс: Проф. д-р Л. Стојановска .
Нагоре
| македонски речник математика makedonski recnik matematika |

