Задача Опис
Прва Исклучување на опцијата за автоматска проверка на правопис и граматика
Втора Мостри во PowerPoint (ppt)


Исклучување на опцијата за автоматска проверка на правопис и граматика (word)

Многу често проверката на правописот и граматиката во текот на внесувањето на текстот не ни е потребна, а нејзиното постоење ни пречи при работата.

Пред:

Бараната измена: Исклучена опција за автоматска проверка на правопис и граматика

Исклучувањето на опцијата на автоматска проверка на правопис и граматика во Microsoft Word 2003 се извршува во следните чекори:

Чекори:

1. Од мени лентата се избира Tools (Алатки), а потоа од прикажаното паѓачко мени се избира Options…(Опции...)

На екранот се појавува следниот дијалог прозорец:

2. Се избира јазичето (tab) за правопис и граматика (Spelling & Grammar),

по што прозорецот го добива следниот изглед:

3. Сега според тоа што сакаме, го извршиме или чекор 3а или чекор 3б.

a. За да се исклучи САМО прикажувањето на правописните и граматичките грешки треба да се штиклираат (check) прикажаните опции кои во овој случај се активни:

b. За да се исклучи проверката на правопис и граматика додека се внесува текстот потребно е да се одштиклираат (uncheck) прикажаните опции, а во тој случај следните опции (Hide spelling errors in this document и Hide grammatical errors in this document) стануваат неактивни:

4. На крајот се потврдува она што сме го избрале со кликнување врз ОК.

Пoсле:


Поврзани теми:


Контактирај ми со име и презиме и број на индекс: Проф. д-р Л. Стојановска .


 Нагоре македонски речник математика makedonski recnik matematika