Задача Опис
Прва Исклучување на панелот: Startup Task Pane
Втора Елементи и анимации во PowerPoint (pps)

Исклучување на панелот: Startup Task Pane
 (при стартување на Word апликацијата)

При стартување на Word апликацијата – како стандардно (предодредено) – во десната страна од прозорецот се појавува вертикалната Startup Task Pane лента.
Иако оваа лента има и свои предности но многу често се случува да ни ја намали прегледноста на работната површина во Word апликацијата. Поради тоа некогаш се јавува потреба од нејзино исклучување односно таа да не ни се појавува со самото вклучување на Word апликацијата.

Пред: Се активира Startup Task Pane при секое отворање на апликацијата Word.

Бараната измена: Да не се активира Startup Task Pane при секое отворање на Word.

Чекори:

1. Од лентата со главни менија го избираме менито Tools.

2. Oд понудените подменија ја избираме опцијата Options.

Со изборот на оваа опција ни се отвара прозорецот Options кој содржи 11 листови.

3. Од тие листови ние го избираме листот за поглед, т.е. кликнуваме на јазичето View.

4. Од тој лист ние ја одштиклираме (деактивираме) опцијата Startup Task Pane, па на крај ги потврдуваме зададените команди кликнувајќи врз OK со што си го затвoраме прозорецот за опции и во едно и задачата.

Пoсле: При повторно активирање (стартување) на Word апликацијсата во прозорецот ќе ја нема Startup Task Pane лентата  односно прозорецот ќе изгледа вака:

Поврзани теми:


 Нагоре