| Задача | Опис |
| Прва | Ставање лозинка на документ + Writer: Замена1 + Writer: Замена2 |
| Втора | Менито: Формат (ppt) |

Ставање лозинка на документ
При типична инсталација на Word секој документ може да биде отворен од било кого, затоа многу често се јавува потреба содржината на некој документ да е достапна само за одредени корисници. За таа цел треба да се постави лозинка, која треба да се внесе при отварање на документот.
Пред: Документот се отвара со двоен клик врз неговата икона.
Бараната измена: Да се постави лозинка на документ.
Чекори:
Чекор1: Во главното мени кликнуваме врз менито Tools, па со отварање на менито, кликнуваме на командата Options.
Чекор2: По отварање на дијалог прозорецот Options, се активира листот Security, односно се кликнува на јазичето Security. Во полето Password to open се запишува лозинката што сакаме да ја поставиме на документот. Зa да се потврди наредбата се кликнува врз OK.
Чекор3: Се отвара прозорец дијалог Confirm Password, каде што во полето Reenter password to open повторно се запишува истата лозинка што сакаме да ја поставиме на документот. Зa да се потврди наредбата се кликнува врз OK.
Чекор4: За да ги зачуваме поставените измени на веќе зачуван документот, треба истите да се меморираат. За таа цел од главното мени кликнуваме врз менито File, па со отварање на менито, кликнуваме на командата Save.
Пoсле: Документот не се отвара со двоен клик, односно не може да се види неговата содржина. За да ја видиме содржината на документот треба да се внесе лозинката.
Поврзани теми:
Нагоре
|

