Дефиниција: Статистичка дијаграм е сликовито претставување на статистички податоци со цел некоја
  • Статички дијаграми вклучуваат:
    • Столбест дијаграм и хистограми
    • Линиски дијаграм
    • Секторски дијаграм
    • Стебло и лист дијаграм
    • Правоаголен дијаграм

Дефиниција: Столбест дијаграм е начинот на претставување на податоци поделени во класи или категории на хоризонталната оска, а со вертикални столбови (правоаголници) чиј висина е фреквенцијата на таа класа во измерената популација или примерок. (bar chart, column chart)

Пример: Нека е дадена следната табела на податоци:

Ги ставиме податоци во столбест дијаграм:

Дефиниција: Хистограм е столбест дијаграм каде што податоците претходно се поделени во бројни интервали (бинови) така да на хоризонталната оска се интервалите, а на вертикална оска е или се соодветните фреквенции или соодветните пропорцијата на фреквенциите. На хистограм интервалите се непрекинати и столбовите се поврзани (нема простор помеѓу вертикалните правоаголници). (histogram)

Пример: Нека е дадена следната табела на податоци:

Да се направи хистограм поделувајќи ги податоците на 5 интервали.  
Го најдеме максимум и минимум на податоците. Го пресметаме опсег=максимум-минимум. Ја пресметаме должината d на интервалите = опсег/5.

Ги пресметиме граничните вредности на интервалите (листа 1) како и фреквенциите на секој интервал потсетувајќи се дека горната граница секогаш му припаѓа на погорниот интервал (листа2).

Направиме хистограм од двете листови:

Дефиниција: Секторски дијаграм е кружен (пита) дијаграм  во кој што се обележани сектори со големниа соодветно на пропорцијата на фреквенциите на податоците. (pie chart)

Пример: Нека е дадена следната табела на податоци:

Ги пресметиме процентите на податоците:

Ги ставиме податоци во секторски дијаграм:

Дефиниција: Линиски дијаграм: Нека се дадени поедини 2-димензионални податодици (х,у) каде што х-вредностите линеарно се зголемуваат. Поврзувањето на секој последователен пар на овие податоци се вика линиски дијаграм. (line diagram)

Пример: Нека се дадени следните податоци за температура на болен:

Забележиме дека податоците во првата колона линеарно се зголемуваат. Ги ставиме во линиски дијаграм:

Дефиниција: Распроделна дијаграм: Нека се дадени поедини 2-димензионални податодици (х,у) каде што х-вредностите се зголемуваат. Графикот на сите овие точки се вика расподелен дијаграм. (За вакви податоци, обично се бара соодветна крива- функција која го приближува графикот). (scatter plot)

Дефиниција: Стебло и лист дијаграм е дијаграм на подредени броеви-податоци каде што во левата колона се наоѓаат броевите без последната цифра, а во соодветниот ред се наоѓа последната шифра, повторена колку пати што се појавува бројот во податоците.  (stem and leaf plot)

Пример: Нека се дадени следните броеви-податоци:

Ги подредуваме податоците:

Ги ставиме во стебло и лист дијаграм:

Дефиниција: Правоаголен дијаграм. Нека се дадени податоци и нека: Q0=минимум, Q1=првиот квартил, Q2=медијана, Q3=третиот квартил и Q4=максимум. Правоаголен дијаграм има кратка вертикална линија кај секој од Q0-Q5, а правоаголник околу Q1 до Q3.  (box and whiskers plot, boxplot)

Пример: Нека се дадени следните броеви-податоци:

Ги пресметуваме податоците: Q0=минимум, Q1=првиот квартил, Q2=медијана, Q3=третиот квартил и Q4=максимум

Ги ставиме во правоаголен дијаграм:

 


Поврзани теми:


 Нагоре македонски речник математика makedonski recnik matematika dijagram statistika