Дефиниција: Матрица е правоаголна шема на реални броеви.
Пример 1: Што се димензиите на матрицата: {\bf{A}} = \left( {\matrix{ \,\,6 \cr { - 4 } \cr } } \right) ?
Одговор: {\bf{A}} е матрица со 2 редови и 1 колонa.
Пример 2: Што се димензиите на матрицата: {\bf{B}} = \left( {\matrix{ { - 1} & 0 & {\sqrt 2 } \cr { - 0,5} & {3 \over 8} & 3 \cr } } \right) ?
Одговор: {\bf{B}} е матрица со 2 редови и 3 колони.
Други дефиниции:
- Димензии на матрица е бројот на редови \times бројот на колоните.
- Eлементи на матрица се броевите во шемата.
- Позицијата на секој елемент се означуваат со индекси, односно со a_{ij} каде што i - редот, а j - колоната во која се наоѓа елементот.
Во погорниот пример 1:
{\bf{A}} е 2 \times 1 матрица.
Eлементите на {\bf{A}} се: a_{11} = 6 , a_{21} = { - 4} .
Во погорниот пример 2:
{\bf{B}} е 2 \times 3 матрица.
Eлементите на {\bf{B}} се: b_{11} = -1 , b_{12} = 0 , b_{13} = {\sqrt 2 } , b_{21} = { - 0,5} , b_{11} = -1 , b_{23} = 3
Поврзани теми:
- Специјални матрици
- Матрици - собирање, вадење, множење со скалар, транспонована
- Матрици - множење на матрици
- Детерминанти
- Решавање на линеарни системи
- Кофактори
Нагоре
| македонски речник математика makedonski recnik matematika |

