|
Дефиниција: Затворена дво-димензионална фигура ограничена со три или повеќе отсечки споени крај-до-крај се вика многуаголник. Интерактивност 1: Многуаголник Упатсво за интерактивноста Кликни на иконот за многуаголник: , па кликни и влечи ја соодветната точка.
Доколку сакаш да избришиш многуаголник, прави десен-клик врз него, па избери "Бришење" од менито.
Доколку сакаш да прекиниш со цртање на многуаголник, притисни ја дирката "Esc".
Интерактивност 2: Геоборд |
| Типови на многуаголници
Правилен и неправилен многуаголник Многуаголник на кој сите страни му се еднакви и сите агли му се еднакви се вика правилен многуаголник. Неправилен многуаголник е многуаголник кој не е правилен (значи - барем две страни не се еднакив или две агли не се еднакви). Конвексен и конкавен многуаголник Многуаголник на кој сите точки од отсечката која ги врзува било кои две точки од многуаголникот лежат во, односно припаѓаат на многуаголникот се вика конвексен многуаголник. Конкавен многуаголник е многуаголник кој не е конвексен (значи - постојат барем две точки во многуаголник такви што отсечката која ги поврзува овие две точки не лежии сосема во многуаголникот). Прост и сложен многуаголник Сложен многуаголник е многуаголник во кој барем две од граничните отсечки се сечат. Многуаголник кој не е сложен 'правилно' се вика прост многуаголник. Meѓутоа, бидејќи не важат својства, регулативи и формули за сложени многуаголници, најчесто се користи изразот "многуаголник" само за "прост многуаголник", а за "сложен многуаголник" се мисли како група на повеќе (прости) многуаголници. |
Поврзани теми:
- Правилен многуаголник, Конвексен многуаголник
- Триаголник, Четириаголник
- Правоаголник, Квадрат
- Паралелограм, Ромб
- Трапез, Делтоид
Нагоре
| македонски речник математика makedonski recnik matematika |
, па кликни неколку пати во просторот за цртање, завршувајќи со кликнување врз првата точка.
, па кликни и влечи ја соодветната точка.
Доколку сакаш да избришиш многуаголник, прави десен-клик врз него, па избери "Бришење" од менито.
Доколку сакаш да прекиниш со цртање на многуаголник, притисни ја дирката "Esc".

