Дефиниција: Моном е реален број (константа) по производ од конечен број променливи со експонент - природен степен.

Примери:
3x 4 xy^2z \frac{2}{3}\,ab^2 0,3\,m^2

Кружна дефиниција: Моном е алгебарски израз со еден член.
  (Ова е "кружна дефиниција" бидејќи дефиницијата на алгебарски израз го користи поимот моном!)

Регулативи

  • Мономот има два делови: коефициент и дел со променливи.
  • Степенот на мономот е збирот на степените на делот со променливите.
Моном Коефициент Дел со променлива Степен на мономот
3x 3 x=x^1 1
4 4 1=x^0 0
xy^2z 1 xy^2z=x^1y^2z^1 4
\frac{2}{3}\,ab^2 \frac{2}{3} ab^2=a^1b^2 3
0,3\,m^2 0,3 m^2 2

Поврзани теми:


 Нагоре македонски речник математика makedonski recnik matematika