Дефиниција: Настан е можен резултат од некој експеримент.
- Други зборови за "настан" се: исход, случај, резултат.
Дефиниција: Елементарен настан е настан кој неможе да се "подели" односно не содржува "помали" настани.
Примери:
- Настанот 'се добива еден при фрлање на зар' се означува со '1' или {1}.
- Можеме да пишеме \omega_1=\{1\} , a јасно е дека \omega_1 е елементарен настан од експериментот "фрлање на зар".
- Во таа смисла, сите елементарни настани од 'фрлање на зар' се: \omega_1=\{1\} , \omega_2=\{2\} , \omega_3=\{3\} , \omega_4=\{4\} , \omega_5=\{5\} , \omega_6=\{6\} .
- Настанoт 'се добива парен број при фрлање на зар' или A={2,4,6} не е елементарен настан бидејќи А=\omega_2 \cup \omega_4 \cup \omega_6 .
Настан е можен резултат.
На пример, при фрлање на (фер, обичен) зар
1. Настанот {3} е настан со веројатност \frac{1}{6}=0,17 , односно p({1})=0,17
2. {7} не е настан бидејќи не е можен резултат. Понекогаш велиме дека ова е "неможен настан" при фрлање на зар, односно веројатноста на 7
Поврзани теми:
Нагоре
| македонски речник математика makedonski recnik matematika |

