Дефиниција: Описна статистика е гранка на статистика која вклучува:Собирање на податоци
  • Организирање на податоци
    • Одредување на типот на податоците
    • Групирање на податоците
  • Анализирање на податоци
    • Пресметување на разни видови на просеци.
    • Пресметување на отстапувања (девијации) .
    • Уочување на „необичности“(отстапувачи)
  • Претставување на податоците графички со соодветен или соодветни дијаграми.

А. Основни поими

А.1 Основни дефиниции

Популација

Во математичка статистика, множеството од еднородни објекти или резултати од некоја случка, кои имаат некоја заедничка карактеристика, се нарекува популација.

Големината на популација, т.е. бројот на неговите членови се означува со N (голема буква).        

Примерок

Дел од популација се вика примерок, односно примерок е подмножество на една популација. Примероци се користат во дедуктивна статистика.

Големината на примерок, т.е. бројот на неговите членови се означува со n (мала буква)./p>

Обележје

Заедничката карактеристика што се набљудува на елементите од популацијата се нарекува обележје.

Обележје може да биде:

Квалитативно  – на пример: пол, боја на очи, националност, ....
Квантитативно – на пример: оценка, сума на пари, висина, тежина, број на дефектни производи, време на непрекината работа, ...

Ова е само груба поделба на типови на обележија. Потаму детално ќе видиме како зависи обработката на податоците од карактеристиките, односно типови на обележијата

Податок, исход и настан

Поединечен резултат, т.е. запишувањето на „вредноста“ на обележјето на поединичен член на популацијата (или примерок) се нарекуваат податок или исход.
Кога се зборува за поедничен резултат обично го викаме податок, а кога зборуваме за можни резултати ги викаме можни исходи.

Обележје
Можни исходи
пол
{маж, жена}
оценки
{1,2,3,4,5}
број во интервалот [0, 1] со 2 децимали
{0.00, 0.01, 0.02, …, 0.99, 1.00}

Податоци

Збирка на сите податоци од целата популација за едно обележје се нарекува податоци или множество на податоци.

Важно: Можните исходи се сите различни, но поединични податоци во множеството на податоци можат да се повтораат. 

Види ја Глава Б. Собирање податоци за примери.

Големина на податоци

Големина на податоци е бројот на податоци во множеството на податоците. Бидејќи работиме само со популации во описната статистика, големината на податоците е бројот на членови на популацијата, т.е. големина на податоци = N (голема буква).

Категорија, класи и интервали

Доколку се прави групирање на податоци (види глава Г), истите се групираат во категории. Категории можат да бидат класи (т.е. самите можни исходи од обележјето) или последователни бројни интервали

Фреквенција

Доколку се прави групирање на податоци, фреквенција f е број на податоците во секоја категорија. Значи имаме толку фреквенции колку што имаме категории. Збирот на сите фреквенции треба да биде големината на податоците, т.е. Σf=N. Табела со фреквенции се вика фреквентна табела.

А.2 Мерки и статистики

Мерка, параметар

Мерка е вредност пресметана од податоците на една популација со одредени особини. Пример: Аритметичка средина μ. Се користи и зборот параметар.

Статистика

Статистика е вредност пресметана од податоците на еден примерок  со одредени особини. Пример: Аритметичка средина x̅ (на примерок). Се користи и зборот статистичен податок.

Теми во описна статистика

Нашата задача ќе биде детално да ги работиме следниве теми.

  • Собирање на податоци
  • Одредување на типот на податоците
    • Номинални податоци
    • Ординални податоци
    • Бројни-класи податоци
    • Бројни податоци
  • Организирање на податоци
    • Подредување на бројни податоци
    • Групирање во класи
      • Групирање на номинални и ординални податоци
      • Групирање на бројни-класи податоци
    • Групирање на бројни податоци - интервали
  • Пресметување на мерки 
    • Пресметување на разни мерки на централно однесување
      • без математика - мода
      • со математика - видови на просеци (аритметичка средина, медијана)
    • Пресметување на разни видови отстапувања (мерки на девијации)
    • Уочување на „необичности“ (исклучоци)
  • Претставување на податоците во табели и/или графикони
    • Различни типови табели и дијаграми и нивна соодветност

 

Уште еднаш да повториме дека кај описната статистика, наша задача е да се опишат карактеристиките на податоци кои ги имаме „во рака”, т.е. податоци кои ни се достапни и истите можеме да ги запишеме на хартија или да ги внесеме во табела.

Кај описната статистика не се посветува внимание на податоци кои не се собрани. Не се хипотизира можности. Тоа е задача на дедуктивна статистика.

Значи, во описна статистика се сметаат дека податоците се за целата популација со големина N!


Исто така, во описна статистика податоците обично се еднодимензионални, односно секој податок е исход на едно обележје.

 

 


Поврзани теми:


 Нагоре македонски речник математика makedonski recnik matematika verojatnost statistika