Опис: Отсечка е дел од права помеѓу две посебни точки на правата. Отсечка секогаш ги содржува сите точки помеѓу крајните точки, а може, но не мора да ги содржи едната или двете крајни точки.
- За посебни (дистинктни) точки А и В, постои една единствена отсечка со крајни точки А и B и истата се означува со \overline{AB} .
- Отсечка е еднодимензионален објект, т.е. има 0 ширина и 0 висина.
- Отсечка има краеви така да има одредена должина која е растојанието помеѓу крајните точки.
Дефиниција: Нека А и В се две посебни точки. Отсечката \overline{AB} е множеството на сите точки C=A(1-t)+Bt каде што t \in [0,1] .
Интерактивност Упатство за интерактивноста
- Кликни и влечи ги крајните точки по желба.
- Кликни и влечи го лизгачот t за да се премести точката C=(1-t)A+tB
Види: Википедија: Отсечка (геометрија)
Поврзани теми:
![]() | македонски речник математика makedonski recnik matematika |