Дефиниција: Се вели дека "геометриската фигура е потполно определена" со некои дадени услови ако сите фигури конструирани под тие услови се складни*.
Регулатива: Користењето на изразот "потполно определен" обично значи дека сите наведени услови се нужни, т.е. ако фали еден или повеќе од условите може да се конструира нескладни фигури (види пример 2 подолу).
Примери:
- "Квадрат е потполно определен со должина на страна, т.е. ако е одредена должината на една страна".
- Тврдењето вели дека сите квадрати со иста одредена страна се складни.
- Пример: Сите квадрати со страна а=4cm се складни.
- "Ромб е потполно определен со должина на страна и големина на еден агол."
- Тврдењето вели дека сите ромбови со иста одредена страна и ист одреден агол се складни.
- Пример: Сите ромбови со страна а=9cm и внатрешен агол \alpha=37^\circ се складни.
- Исто така тврдењето "вели" дека сите ромбови со страна а=9cm не мораат да се складни (фали агол).
*Да се потсетиме дека две геометриски фигури се складни ако со некоја комбинација на ротација, транслација (преместување) и/или рефлекција фигурите се преклопуваат.
Поврзани теми:
- Складност, транслација
- Квадрат, Квадрат
- Паралелограм, Ромб
- Трапез, Делтоид
- Четириаголник, Многуаголник
- Триаголник
Нагоре
| македонски речник математика makedonski recnik matematika |

