Речници за веројатност и статистика – Описна статистика

Основна описна статистика

Статистички дијаграми

Референци


Основна описна статистика (eдно обележје, едимензионални податоци, униваријабилна статистика)

Поим

Дефиниција

Анкета

Начин на собирање податоци непосредно прашувајќи ги членовите на популацијата едно прашање.

Аритметичка средина μ

Просек на квантитативни податоци. (види и веројатност: Очекувана вредност)

Аритметичка средина на примерок

Просек на квантитативни податоци од примерокот (подмножество на популацијата)

Бројни-класи податоци

Податоци кои се броеви кои се повторуваат на таков начин што истите можат да се земат за класи при групирање, а од друга страна се вистински броеви со кои можеме да направиме некои математички операции. Пример обележје: оценки

Бројни податоци

Податоци кои се разно-разни броеви. Доколку се групираат, се користи последователни интервали.  Пример обележје: висини

Обем на податоците N

Број на податоци, односно број на популацијата. Се користи голема буква N.

Обем на примерокот n

Број на податоци во примерокот – подмножество на популацијата. Се користи мала буква n.

Гранична конвенција

Договор (конвенција) за групирање на бројни податоци во подинтервали. Имено, унапред треба да се договори за припадноста на податоците кои лежат на границите на подинтервалите. Во РМ, десната граница е отворена и гранични податоци лежат во наредниот интервал, а (на пример) во Excel десната граница е затворена.

Групирани податоци (види и сурови податоци)

Податоци кои се групирани во категории (класи или интервали) според нивната фреквенција.

Дедуктивна статистика (види и описна статистика)

Гранка на статистика за доведување заклучоци и предвидувања врз основа на податоци.

Дисперзија σ2 (види и стандардно отстапување)

Мерка на дисперзија која ја опишува релативното растојание, т.е.„растојанието на квадрат“ помеѓу поедничните бројни податоци и нивната аритметичка средина. Се користи и зборот варијација.

Експеримент (види опит)

Начин на собирање податоци со мерење и наблудување исходите од повторување на опит (активност).

Запис

Начин на собирање податоци со извадок од некој извештај.

Интервали и подинтервали (види и класи)

Непрекинат начин на групирање на бројни податоци во последователни подинтервали кои ги опфаќат сите податоци. Во РМ, десната граница на подинтервал е отворена така да податок кој е на границата припаѓа во наредниот подинтервал (види гранична конвенција). Обично, подинтервалите се еднакводолжни. Се користат со хистограми.

 

Опсег-интервал (види и опсег)

За бројни податоци со mn=минимум, а mx=максимум имаме опсег-интервал =[mn,mx].

 

Главен интервал

За групирани бројни податоци, главниот интервал е [A,B] каде што А=левата граница на првиот интервал и B=десната граница на последниот интервал. Главниот интервал го содржува опсег-интервалот.

Интерквартилен опсег

Должината на интервалот помеѓу квартилите Q1 и Q3 со што се идентификуваат отстапувачи (види правоаголен дијаграм)

Исход

„Вредноста“ на обележјето. Се користи и зборот податок. На пример за обележјето: пол, можни исходи се {маж, жена}; за обележјето: старост на човек,  можни исходи се {1,2,..,125}  (досега).

Категорија

Општ поим што вклучува и класа или интервал, односно начинот на групирање на податоци според нивната фреквенција.

Квалитативни податоци

Податоци каде што исходите на обелжјето, т.е. податоците, се квалитативни. Види номинални и орднинали.

Квантитативни податоци

Податоци каде што исходите на обелжјето, т.е. податоците, се бројни податоци. Види бројни-класи и бројни.

Квартил (види и перцентил)

Со квартили се поделат подредени податоци на 4 еднакви дела. Q1=квартил 1 е медијанта на податоците помеѓу минимумот=Q0 и самата медијана=Q2; Q3=квартил 3 е медијаната на податоците помеѓу самата медијана=Q2 и максимумот=Q4.

Класа (види и интервал)

Дискретен (не поврзан) начин на групирање на податоци карактеризирани со опис (на пр. за обележјето: пол, класите се {маж, жена}; за обележјето: оценка, класите се {1,2,3,4,5}). Се користат со столбест дијаграм.

Медијана M или Мe

Медијана M е вредност кои ги подели подредени бројни податоци на 2 еднакви дела.

Мерка (види и статистичен податоцк)

Вредност пресметана од податоците на популација со одредени особини. Има мерки на просеци и мерки на дисперзија. Се користи и зборот параметар.

Мерки на дисперзија

Мерки кои опишат колку се центрирани или дисперзирани (бројни) податоци во однос на аритметичката средина.

Мерки на просеци (централно тенденција)

Мерки кои опишат информации за просечни тенденции на (бројни) податоци, односно аритметичка средина, медијана и мод.

Мода Mо

Мода Mо е податокот со најголемата фреквенција. Се користи при податоци кои се делат на класи. Може да има една, повеќе или ниту една мод.

Негрупирани податоци (види и сурови податоци)

Податоци кои не мислиме да ги групираме (мал број на бројни податоци).

Номинални податоци (види и ординални)

Податоци кои се квалитативни, а не бројни. Категории се класи, односно имиња. Пример обележје: пол.

Обележје

Заедничката карактеристика што се набљудува на елементите од популацијата. Набљудувањето се вика податок или исход.

Описна статистика (види и дедуктивна статистика)

Гранка на статистика за собирање, организирање, анализирање, сумирање и презентирање на податоци.

Опит (види и експеримент)

Едно извршување на активноста при експеримент. Опит треба да може да се повторува под исти услови во реално време.

Опсег

За бројни податоци со mn=минимум, а mx=максимум имаме опсег=mx-mn.

Ординални податоци (види номинални)

Податоци кои се „номинални“ броеви, т.е.  се квалитативни и неможеме да направеме математички операции со нив, но како класи ги редиме по нивниот број. Пример обележје: број на чевел, година.

Отстапувачи

Екстремни вредности во податоците кои (веројатно) треба да се отфрлаат пред анализа на податоците.

Параметар (види статистички податок)

Вредност пресметана од податоците на една популација со одредени особини. Се користи и зборот мерка.

Перцентил (види и квартил)

Со перцентили се поделат подредени податоци на 100 еднакви дела.

Податок

Поединечен резултат, т.е. „вредноста“ на обележјето на поединичен член на популацијата. Се користи и зборот исход.

Податоци, множеството на податоци

Збирка на сите податоци од една популација за едно обележје.
Податоци се од тип: номинални, ординални, бројни-класи и бројни.

Популација

Множеството од еднородни објекти кои имаат некоја заедничка карактеристика, т.е. обележје кое може да се измере на некој начин. Бројот на членовите, т.е. обемот на популацијата се означува со N (голема буква).

Примерок

Подмножество од популацијата. Бројот на членовите, т.е. облемот на примерок се означува со n (мала буква)

Простор од примероци, Множество можни исходи

Поим од веројатност за множеството на сите можни исходи. Во статистиката се користи да се опише можните „вредности“ на податоците. Ако податоците се номинални, ординални или бројни-класи, можните исходи се класите при групирање.  

Распределба на фреквенции, Фреквентна табела

Табела во која е прикажан фреквенциите, т.е. бројот на податоците кои припаѓаат во секоја категорија (дали класа или интервал). (види столбест дијаграм и хистограм)

Релативна фреквенција f/N

Процент на секоја фреквенција f во однос на вкупниот број на податоци N. Секторски дијаграм е секогаш врз база на релативни фреквенции.

Стандардно отстапување  σ

Мерка на дисперзија на податоци; квадратен корен на дисперзијата. (Дисперзијата е едноставно за пресметување, но е во квадратни единици. Со земање на квадратен корен, стандардното отстапување е во правилни единици.)

Статистика

Статистиката е наука која се однесува за собирање и обработка на податоци. Статистика се дели во две гранки: описна статистика и дедуктивна статистика.   

Статистички податок
(види и мерка, параметар)

Важи за примерок: Вредност пресметана од податоците на примерок со одредени особини. (види и параметар, мерка)

Сурови податоци (види и групирани податоци)

Податоци кои не се групирани, односно исходот на обележјето на секој член од популацијата (или примерок) е пишан како посебен податок.

Фреквенција f

Број на податоци во една категорија (класа или интервал). Се користи за групирани податоци



Статистички дијаграми  - http://www.emathforall.com/wiki/RecnikT/DijagramStatistika


Поим

Дефиниција

Term (English)

Дот дијаграм

Дот дијаграм е дијаграм за групирање на подредени бројни-класи или бројни податоци така што на хоризонтална права се забележуваат податоците како на бројна оска, а над истите равномерно се наредуваат дотови колку што е фреквенција на тој податок.

Dot Diagram

Линиски дијаграм

Линиски дијаграм негрупирани бројни податоци кои се последователни на некој начин.

Line Diagram

Правоаголен дијаграм

Правоаголен дијаграм (со мустаки) ги прикажува бројни податоците во квартили. Левиот и десниот „мустак“ се кај минимумот и максимумот, а се поврзани на правоаголник кој го прикажува интерквартилен опсег.

Box and Whiskers Chart

Секторски дијаграм

Секторски дијаграм е кружен (пита) дијаграм во кој што се обележани сектори со големниа соодветно на пропорцијата односно релативните фреквенциja на категоријата.

Pie Chart

Стебло и лист дијаграм

Стебло-и-лист е дијаграм за групирање на подредени бројни податоци каде што во левата колона се наоѓаат броевите без последната цифра, а во соодветниот ред се наоѓа последната шифра, повторена колку пати што се појавува бројот во податоците

Stem and Leaf Chart

Столбест дијаграм (види и хистограм)

Столбест дијаграм е дијаграм со столбови за податоци групирани во класи, т.е. номинални, ординални и бројни-класи. Има празини помеѓу столбовите, а истите можат да бидат вертикални (висините се фреквенциите) или хоризонтални (должините се фреквенциите).

Bar Chart

Хистограм (види и столбест дијаграм)

Хистограм е дијаграм со столбови за бројни податоци групирани во последователни подинтервали. Бидејќи интервалите се последователни, нема празини помеѓу стоболвите, а нивните висини се фреквенциите или релативните фреквенции на податоците во соодветниот интервал.

Histogram

Фреквентен многуаголник   Frequency Polygon

Точкест дијаграм

Точкест дијаграм е дијаграм на неколку негрупирани бројни податоци кои не се последователни (па затоа нема линии помеѓу нив).

Point Diagram

Распроделна дијаграм

Распроделна дијаграм е за 2-димензионални податодици (х,у).  (За вакви податоци, обично се бара некој заклучок, на пример крива- функција која ги апроксимираат точки, па се смета за дел од дедуктивна статистика).

Scatter Plot



Референци


  1. Donnelly R. (2007) Statistics. 2nd Ed., The Complete Idiot's Guide, Alpha Publishing, ISBN=978-1592576340.
  2. Weston, Harley What is the difference between a bar graph and a histogram? Math Central, University of Regina, CA. Разлика помеѓу столбест дијаграми и хистограми.
  3. Lane, D.М. (Editor). Online Statistics Education: An Interactive Multimedia Course of Study Rice University (Lead Developer), University of Houston Clear Lake, and Tufts University
  4. Ристески С.,Тевдоски Д. Статистика за бизнес и економија. 3-то издавние, Унив. Св. Кирил и Методиј, Економски факултет, Скопје, МК.
  5. Brown, Stan (2013) Statistics Symbol Sheet Oak Road Systems. Симболи за статистика

2013, Л.Стојановска (L. Fahlberg-Stojanovska)


Поврзани теми:


 Нагоре македонски речник математика makedonski recnik matematika dijagram statistika