Дефиниција: Триаголник е 2-димензионална фигура со три страни. Повеќе

  • Дефиниција 1: Триаголник е многуаголник кој има три страни.
  • Дефиниција 2: Триаголник е затворена геометриска фигура определена со три страни, три внатрешни агли и три темиња.
  • Дефиниција 3: Триаголник е затворена полигонална линија определена со три страни.

Анимација за збир на внатрешни агли е 180°

Регулатива за страни: Збирот на било кои две страни е поголем од третата страна, т.н. неравенство на триаголник
Интерактивност 1: Типови на триаголници според страни   Упаство за интерактивноста
Упаство: Во интерактивноста, кликни и влечи ги лизгачите за страните и забележи
кој тип на триаголник се добива (и дека складни страни даваат складни агли).

По потреба, кликни и влечи го лизгачот зум за зголемување, намалување.

Кликни и влечи ја точката А за преместување, а точката В за ротирање.

Дефиниции триаголник според страни

  • Разностран триаголник има три различни страни.
  • Рамнокрак триаголник има две исти страни.
  • Рамностран триаголник има три исти страни.

Во математиката се користи изразот „складни страни“ наместо „исти страни“, односно страните со иста должина.

This browser does not have a Java Plug-in.
Get the latest Java Plug-in here.

Регулатива за агли: Збирот на внатрешни агли на триаголник е 180°.

Интерактивност 2: Типови на триаголници според aгли   Упаство за интерактивноста
Упаство: Во интерактивноста, кликни и влечи ги лизгачите за аглите \alpha и \beta и забележи
трети агол \gamma автоматско се определува според формулата \alpha + \beta + \gamma = 180^\circ
кој тип на триаголник се добива.

По потреба, кликни и влечи го лизгачот зум за зголемување, намалување (се добиваат слични триаголници!).

Кликни и влечи ја точката А за преместување, а точката В за ротирање.

Дефиниции триаголник според агли  

  • Оштроаголен триаголник е триаголник во кој секој од трите внатрешни агли <90°.
  • Правоаголен триаголник е триаголник во кој еден од внатрешните агли =90°.
  • Тапоаголен триаголник е триаголник во кој еден од внатрешните агли >90°.
This browser does not have a Java Plug-in.
Get the latest Java Plug-in here.
Формули за периметар и плоштина

Поврзани теми:


 Нагоре македонски речник математика makedonski recnik matematika