Идејата на значајни цифри најдобро се објаснува преку примери.
- Пример: Колку значајни цифри има во бројот 13.060.000.000?
Решение: После 4-те цифри 1306, сите цифри се 0.
Одговор: бројот 13.060.000.000 има 4 значајни цифри.
- Пример: Колку значајни цифри има во бројот 0,0057?
Решение: После 2-те цифри 57, сите цифри се 0.
Одговор: бројот 0,0057 има 2 значајни цифри.
- Пример: Колку значајни цифри има во бројот 1.079.252.848,8?
Решение: Овој број нема ни нули на крајот, ниту нули на почетокот, а има 11 цифри.
Одговор: бројот 1.079.252.848,8 има 11 значајни цифри.
РегулативаОвој поим е и тесно поврзан со поимот за научно означување и со заокружување?
- Пример: Брзината на електромагнетна радијација во вакум е: 1.079.252.848,8
[m/s].
- Со 4 значајни цифри: 1.079.252.848,8 = 1,0792 \times 10^9 = 1,079 \times 10^9. Oдговор: 1,079 \times 10^9 [m/s].
- Со 3 значајни цифри: 1.079.252.848,8 = 1,079 \times 10^9 = 1,08 \times 10^9. Oдговор: 1,08 \times 10^9 [m/s].
- Со 2 значајни цифри: 1.079.252.848,8 = 1,07 \times 10^9 = 1,1 \times 10^9. Oдговор: 1,1 \times 10^9 [m/s]..
За детално објаснување на погорниот пример како и други такви примери, види примери.
Поврзани теми:
- Научно означување
- Заокружување?
- Магнитуда
Нагоре
| македонски речник математика makedonski recnik matematika |

