|
6та Меѓународна конференција за Информатика и информациона технологија (CIIT 2008)
АПСТРАКТ Во овој труд станува збор за интеграцијата на ИКТ во математичкото образование. Се осврнуваме на реалната загриженост на наставниците зошто овој процес не успева толку често – т.е., зошто технологијата не го подобрува знаењето, вештините и процесите на логичко размислување кај нашата младина, што е цел на математичкото образование. Ги разгледуваме суштинските услови што мора да ги исполни технолошката примена со цел успешно да се интегрира во образовниот систем. Овој процес, прикажуваме со конкретен пример на целосна ИКТ активност при што е прикажана добро планирана, добро документирана активност со помали интерактивности на ИКТ. Овде целите се прецизни и стрикно утврдени цели за да може лесно да се внесат во постоечкиот наставен план во Македонија како и на други места за да се добие посакуваниот резултат. Клучни зборови: ИКТ, образование, математика, интерактивност, интеграциона технологија | |||||||||
|
1. Вовед Да се осврнеме на интеграцијата на ИКТ во математичкото образование. Реалноста што денес постои е ограничена – не само во Македонија туку и глобално. Наставниците и училишните службеници не можат да ги забележат резултатите што ги ветуваат образовните и ИКТ експерти. За жал тие повторно и повторно се разочаруваат поради вложеното време, напори и пари, а без видливи реални резултати. Затоа ја разгледуваме нивната загриженост и дискутираме зошто оваа интеграција не успева толку често. Овде анализираме дали навистина е можно интеграционата технологија да помогне во обуката на нашите млади за вештините и процесите на логичко размислување што претставуваат цел на математичкото образование. Ги земаме во обзир и перспективите на образованието овде во Македонија каде интеграцијата на ИКТ дополнително е ограничена како поради трошоците така и поради јазикот. Во контекст на ова воспоставуваме серија услови кои мора да се исполнат пред да се развие било кој аплет/апликација, со ставање посебен акцент на креирање мали интерактивности со прецизно утврдени цели, кои може лесно да се интегрираат во постоечкиот наставен план. И на крајот, даден е пример за ИКТ активност за која што мислиме дека ги задоволува условите за успешно интегрирање на ИКТ во математичкото образование. 2. ИКТ во образованието – Дали функционира?? И наставниците и учениците сметаат дека интеграцијата на ИКТ во образованието често пати е неефикасна, одзема многу време, трошоци и нема видливи резултати. Една од главните причини за овој неуспех е тоа што интеграцијата е „од горе - надолу“. „Експертите“ вршат истражување, дизајнирање и развој. Кои се всушност овие експерти? Тоа се универзитетски професори, професионалци по образование, ИКТ експерти и корпорации. Наставниците – реалните настивници во самите училници – ретко се консултирани сé до фазата на имплементација. Но, кога апликацијата создадена од „експертите“ нема да ги покаже очекуваните резултати – тогаш се обвинуваат наставниците. Технологија која бара апликација или обратно? Кои видови ИКТ интеграција најчесто се креирани од „експертите“? Нам ни се допаѓа фразата „технологија која бара апликација“. Се развива технологија, а потоа се разгледува презентација – интерфејс. Се вложуваат големи средстава за развој на големи „чудесни“ апликации кои би требало наводно радикално да го променат образованието во училниците. Проблемот е во тоа што овие апликации не го земаат во обзир секојдневниот живот на наставниците и учениците. Овие програми не се прилагодени на начин со кој се подобрува учењето, едноставно бидејќи тие не се вклопуваат во наставните потреби на никого и никаде. Без оглед на тоа каде живеете, животот на наставникот е сличен. Тие имаат наставен план со цели, наставна програма со секојдневни или неделни активности и активности за оценување. Нивна задача е да обезбедат нивните ученици успешно да го совладаат овој систем. Било каква интеграција на технологија мора лесно да се вклопи во овој систем и да допринесе за успехот на овој систем или нема воопшто да се користи. И точка. Значи, апликацијата мора да и претходи на технологијата, а не обратно.
|
|
3. Успешна интеграција на ИКТ во образованието Постојат многу проучувања и трудови кои се занимаваат со условите за успешна интеграција на ИКТ во образованието. Една стара поговорка вели: Кои се трите најбитни фактори да започнете успешен бизнис? Одговорот е „местоположба, местоположба, местоположба “. Кои се трите најбитни компоненти за успешна интеграција на технологијата во училницата? Оговор: „наставник, наставник, наставник“
|
|
Поодредено: Наставникот може да ја користи. Наставникот ќе ја користи. Наставникот сака да ја користи повторно и повторно.
Наставикот може да ја користи. Наставникот ќе ја користи. Наставникот сака да ја користи повторно.
Тој/таа може да ја пронајде, разбере како се користи и се чувствува удобно кога го користи тој аплет/апликација.
Тој/таа може да ја интегрира аплет/апликацијата релативно без проблеми во секојдневната настава. Т.е. таа се вклопува во постоечките наставни планови и е потребно многу мало или никакво дополнително прилагодување на вообичаените активности.
Тој/таа ги согледува значителните резултати од користењето на аплетот/апликацијата. Т.е. учениците се повеќе вклучени во процесот на учење и/или резултатите на тестовите се подобруваат. |
Понатаму, битни фактори од 4-6 се ученик, ученик, ученик.
Тој/таа е лично вклучен од страна на аплетот/ апликацијата.
Тој/таа има едноставен пристап до истата во сопстевениот период (ритам) на работење.
Или подобро, ќе му ја покаже на пријателите и ќе је пренесе понатаму.
|
|
Значи, „може, ќе и повторно” се состојби кои зависат од следното:
Ќе ја користи Доколку тоа е скап комерцијален софтвер, тогаш ученикот е ограничен или пасивно да посматра додека наставникот го користи или го користи единствено во компјутерската лабораторија. Ниту едното, ниту другото е прифатливо. Ова нема да даде значајни резултати. Учењето бара лична интеракција од страна на корисникот. Меѓутоа, никој – дури ни САД – а камо ли Р. Македонија, не може да си дозволи да плати лиценциран надомест заедно со надградбите за вообичаената бројка од 7-10 наставни предмети по ученик. Затоа, образованието мора да го поддржува развојот на квалитетен, достапен, лесно преводлив софтвер и да ги поттикне наставниците да се обидуваат да дадат коментар и свој придонес во мрежата на бесплатни ресурси.Сака повторно да го користи Ако ИКТ активноста му помага на наставникот да го објасни или му помага на ученикот да го разбере и/или реши успешно тестот, активноста ќе се користи повторно. Ако не го постигне ова – апликацијата е мртва. Да видиме, кои се некои од основните компоненти на добар аплет/апликација – посебно кои се добри за да се користат во математиката? |
|
4. Успешна интеграција на ИКТ во математичкото образование Видовме дека за успешна интеграција на ИКТ во образовниот процес, најбитни фактори се поставеноста на наставникот и ученикот. Сега, го свртуваме нашето внимание на одредени фактори кои треба да се земат во обзир при креирањето на аплет кој ќе ни помогне во нашата цел за подобрено учење. Од примарно значење е аплетот/апликацијата безусловно биде дел од активноста и мора да бидеме многу одредени во поглед на поврзаноста помеѓу активноста и наставната програма. Ова го нарекуваме клучен фактор на креирање наставна врска. Наставна врска Во математиката работиме со три вида на учење, имено учење со факти, математички вештини и процеси на логичко размислување. Значи – како што е вообичаено – најнапред мораме да ги утврдиме посебните цели на активноста во поглед на овие три процеси на учење. Откако ќе го направиме ова можеме да се запрашаме како на најдобар начин да го користиме ИКТ за да го подобриме учењето во таа активност, т.е. Кој вид на интерактивности треба да ги обезбеди аплетот?
Активност поврзана со Стандарди Денес, повеќе земји имаат стандарди за математика. Ова е од исклучителна помош во развојот на активностите со наставната врска. Стандардите ги поставуваат нивоата кои што треба да ги постигне ученикот. На пример, типичните математички стандарди за геометрија во 6то или 7мо одделение опфаќаат:(1) Користете неколку својства на аглите (својства на комплементарни и суплементарни агли и збир од агли на триаголникот за да се пронајде вредноста на непознатиот агол). (2) Користете својства на рамнокраки триаголници. Значи, активност што ќе ги испитува овие способности најверојатно би се вклопила во повеќето наставни програми. Поврзувањето на активностите со стандардите – дури и да не се специфични стандарди на земјата – му овозможува на наставникот поедноставно да бара, пронајде и утврди дали ИКТ активноста ќе се вклопи во нејговата наставна програма.Спојување на сé заедно На крајот, при креирањето и документирањето на ИКТ активноста, мора да бидеме многу одредени во поглед на ИКТ потребите на аплетот/апликацијата. Се разбира, ова опфаќа потреби од хардвер и софтвер, меѓутоа вклучува и документирање и тестирање на ИКТ вештините кои се потребни за инсталирање и за користење на аплетот од страна на реални наставници и ученици на „обични“ компјутери. Значи за да одредена активност биде правилно третирана потребно е да се услогласат три компоненти. а) Да постои потреба од ИКТ писменост за реализирање на одредена активност. б) Да постои наставна врска за активноста и в) Да постојат ИКТ ресурси за реализирање на активноста. На слика 1, е прикажана взаемната зависност на трите компоненти кои ги разгледувавме. За ефикасна ИКТ интеграција во образованието потребно е сите три компоненти да функционираат заедно – потребите за ИКТ писменост на активноста, наставната врска на активноста и самата ИКТ активност/аплет.![]() Слика 1: Потреби/Достигнувања на ИКТ активност Овие потреби и достигнувања мора да се земат во обзир како и сите горе наведени прашања да бидат одговорени пред креирањето на ИКТ активноста. Се друго претставува само „технологија која бара апликација“. |
|
5. Пример на ИКТ активност Имајќи го во предвид сето досега наведено, ќе разгледаме еден пример на ИКТ активност што самите ја создадовме. Активноста може слободно да се најде на интернет и содржи материјали кои можат да се отпечатат и симнат, за офлајн употреба (без интернет врска) и целосната активност, за дирекно користење онлајн (со интернет врска). Ова му дава на наставникот широк опсег на можности. (Адресата е дадена на наредната страна.) Материјали за печатење Материјалите за печатење се состојат од две страни. Една страница која му се дава на ученикот и друга страница каде што постојат повеќе податоци и целосни инструкции за наставникот (види слика 2). Материјалите за печатење се плаќаат, па затоа битно е да се држи бројот на страници на минимум. Меѓутоа, дури и ако има празен простор на мониторот многу е тешко да се направи некоја активност и да се прочитаат упатствата на компјутерот, па затоа печатениот материјал е битен. Во примерокот за ученикот се наведува математиката што е предмет на обработка, упатства за користење на ИКТ интерактивности и прашања што ученикот мора да ги одговори откако ќе ги заврши интерактивностите. Во секој случај, побитно е и упатството од наставникот. Никој наставник не сака да изгледа неспремен и да не ги знае одговорите, но од друга страна пак тој едноставно нема време да ги разработи и изнајде најдобрите решенија. Времето за тоа подобро може да се искористи за обука како да се користат упатствата на начин со кој се надополнуваат потребите и начинот на предавањето. Покрај печатениот материја, исто така, сметаме дека е добро да се обезбедат материјали во .pdf формат за лесно и безбедно печатење и во .doc (Word) формат како би можел наставникот да направи измени доколку тоа го сака.![]() Слика 2: Материјал за печатење на активноста
Метаподатоци Многу се битни метаподатоците на страницата на наставникот и самата интернет страница. Овие податоци се одговор на прашањата кои се поврзани со ИКТ, потребата од ИКТ писменост, како и наставната поврзаност со активноста. Овде, во оваа наша активност, метаподатоците за ИКТ најавуваат дека сите потребни програми се бесплатни за користење и без авторско право.За воспоставување на наставната врска:
Пр. 6то-7мо одделение, пред – алгебра, геометрија.
Пр. стандардите се истите како погоре во точка 4.
Пр. Корисникот оди на структурата и забележува дека триаголникот направен според одредените услови „се чини“ дека е правоаголен триаголник. Потоа, тој ги користи стандардните факти за геометрија наменета за 6то одделенци за да потврди дека аголот всушност е 90о. Во втората интерактивност, корисникот го конструира триаголникот.
Пр. Учениците мора да знаат дека збирот на трите агли во еден триаголник изнесува 180о, а аглите на основата на рамнокрак триаголник се еднакви.
Интерактивности на активноста Типично за овие видови активност постојат 2 ИКТ интерактивности. Во првата интерактивност, ученикот истражува и експериментира за да ги разбере концептите кои се предмет на обработка. Во втората интерактивност ученикот конструира, т.е. активно го демонстрира своето сознание. Ве покануваме да ја испробате активноста од презентираниот пример на англиски јазик на интернет страницата:http://www.emathforall.com/wiki/Aktivnosti/TriagolnikMedijanaPravAgol
|
|
6. Резиме Суштествените компоненти на една успешна ИКТ интеграција во образованието како за наставниците така и за учениците се во тоа што (а) може да ја користат, (б) сакаат да ја користат и (в) сакаат да ја користат повторно, т.е., има успех од користењето на таа апликација. За да се задоволат овие услови се осврнуваме на идеата дека било која ИКТ интерактивност или аплети мора да сочинуваат интегрален дел од една активност, а активноста мора директно да допринесува за ова и лесно да се интегрира во постоечкиот наставен план. Ова создава една „наставна врска“. Во математиката наставна врска означува креирање на мали ИКТ интерактивности со прецизни, точно утврдени цели и со посебно одредени барања и собирање на факти, вештини и логичко размислување што е во склад со наставниот план. На крајот ова го презентираме преку еден наш конкретен пример за ИКТ активност со комплетна документација, изработена следејќи го процесот на креирање опишан во овој труд. |
|
Користена литература
|
| контакт |


