Типични задачи со "течење на река"
1. Ниво 1 - Добро поставена
Брод по течението на реката се движи со брзина на 60 km/h. На истата река, бродот се движи спроти течението на реката со бризина 40 km/h. Колкава е брзината на бродот во мирна вода и брзината на течењето на реката. Да се претпостави дека брзината со која се движи бродот и брзината на течењето на реката се константни.
2. Ниво 1 - Поставена
Брод по течението на реката се движи со брзина на 60 km/h, а спроти течението на реката со брзина 40 km/h. Со која брзина би се движел сплав?
3. Ниво 2 - Добро поставена
Брод по течението на реката поминал 15km за 20 минути, а потоа поминал 50km за 2 часа во смерот спроти течението на реката. Со која бризина една гранка би се движела по реката? Да се претпостави дека брзината со која се движи бродот и брзината на течењето на реката се константни.

Интерактивност      

Кликни и влечи ги лизгачите за да се одреди: брзината на бродот во мирна вода, брзината на текот на реката и смерот на бродот. Потоа кликни на копчињата за анимација.

Sorry, the GeoGebra Applet could not be started. Please make sure that Java 1.4.2 (or later) is installed and active in your browser (Click here to install Java now)
Техники за решавање на задачи од ваков тип

АВО (Аудио-Визуелно-Објаснувања)

  • ...
Коментари за задачи од ваков тип

Позитивни

  • "Тежината" на задача е во поставувањето на равенките.
  • По правилно поставувањето на равенките, самото решавање е едноставно.
  • Прилично реална задача.
  • Добра задача за почетно решавање на задачи од 2 равенки со 2 непознати.

Негативни

  • Често пати задачите од овој тип многу лошо се поставени, па задачата се неразбирливи и двосмислени (доколку ученикот/студентот претходно нема решено ваква слична задача на час).
Метадата
Глобално Задачи со брзина на ветар или брзина на течење на река.
Накратко Реално го гледа ефектот на влијанието на брзината на ветарот или течењето на реката, на ефективната брзина на авионот или бродот.
Одделение 7    (добра задача за почетно решавање на систем од 2 равенки со 2 непознати)
Strand Algebra 1 AF at Math247

Matrix Algebra Algebra at Math247

Standard Algebra 1 3.4 ACT EE 28-32
Клучни зборови линеарни, равенки, систем, 2 променливи, алгебра, интерактивност, FOSS, аплет, офлајн, онлајн
Коментари Сликите се ужасни - ако има некој подобри ...  :)
Симнување доаѓа
Автор Линда Стојановска - контакт, Зоран Трифунов
Тип Бесплатен софтвер - Геогебра: Се користи без или со интернет пристап и преведен на македонски
Употреба Потребно е: sunJava player

Поврзани теми:


 Нагоре македонски задачи математика makedonski zadaci matematika